Делови од Карпош, Шуто Оризари и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од населеното место Јурумлери и село Долно Лисиче утре од 8:15 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 11:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Нерези во близина на Етно Село, дел од корисниците од село Горни Крушопек, како и Средно Водно – РТВ предаватели, а од 9 до 13 часот и дел од корисниците од улицата „Девол“ во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од улицата „Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари, од 10 до 10:30 часот, корисниците од улицата „Корушка“ бр. 2 и бр. 4 во општина Карпош, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од село Кучевиште.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.