Делови од Карпош, Центар, Ѓорче Петров и Батинци денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека делови од општините Карпош, Центар, Ѓорче Петров и Батинци во текот на денешниот ден ќе имаат прекин во снабудавањето со електрична енергија.

Во општина Карпош, во периодот од 9 до 11 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на булеварот Партизански одреди број 103.

Од 8:30 до 11:30 часот, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улицата Јордан Мијалков во општина Центар.

Во периодот од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците 8 и Црногорска во општина Ѓорче Петров, како и корисниците од селото Батинци.