Делови од Карпош и село Љубанци утре ќе останат без струја

Корисниците од булеварот „Партизански одреди“ бр. 70, кулата на Горење, К-15 Студија и објектот на Тинекс во општина Карпош, утре од 9 до 15 часот ќе останат без струја.

Од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од село Љубанци.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.