Делови од Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров утре без струја

Корисниците на дел од улицата „Милан Мијалковиќ“ во општина Кисела Вода и тоа објектите со број 51, 53, 55 и 55, а утре од 8:30 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 11 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Алекса Демниевски“, подулица 27 во општина Ѓорче Петров, од 12:30 до 14 часот корисниците од улицата „1“ во Ракотинци лоцирани околу школото, а од 8:30 до 15 часот, корисниците од Булеварот „Илинден“ на потегот од Владата до крстосницата кај фонтаната, како и делови од улиците „Пандил Шишков“, „Аминта Терти“, „Благоја Страчков“, „Кукушка“ и „Христо Баиќ“ во општина Центар.

Во периодот од 9 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“ подулица бр.24 во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивниот систем од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.