петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

Делови од Кисела Вода, Чучер Сандево, Карпош, Центар и Ѓорче Петров утре без струја

без струја

Поврзани вести

Поради изведување технички работи, утре од 08.30 до 10.30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Банско“ во општина Кисела Вода, а од 09.00 до 14.00 корисниците од викенд населба Голиево во општина Чучер Сандево, соопшти РЦУК на Град Скопје.

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Љубин“, „Александар Македонски“, „Андреј Зограф“ и „Борис Сарафов (општина Ѓорче Петров), како и корисниците од ул. „Востаничка“ над бр.82. (општина Кисела Вода).

Струја во периодот од 10.00 до 14.00 часот ќе немаат дел од корисниците од улиците „Презвинтер Константин и Поп Богомил“ (општина Карпош), од 10.30 до 12.30 часот, корисниците од ул. „Мариовска“ (општина Кисела Вода), од 12.30 до 14.30 часот корисниците од ул. „Сава Ковачевиќ“ – подулица бр.14. (општина Кисела Вода), а во периодот од 14.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. „Истарска“ (општина Центар)

Најчитани вести