Делови од општина Карпош и Агино Село утре без струја

Корисниците од улиците „1“, „6“ и „7“ во Агино Село утре од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Лондонска“ во близина на објектот со број 4а, од 8:30 до 10:30 часот објектите со броевите 40, 38, 36, 34, и 32 од улицата „Дрезденска“, а од 8:30 до 11 часот дел од улицата „Пандил Кљашев“ во општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.