Делови од повеќе скопски општини денеска без струја

струја

Во периодот од 6:30 до 8:30 часот без струја ќе биде комплексот факултетити на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, а од 8:30 до 9:30 часот корисниците од улицата „Самоилова“ бр. 150 во општина Центар.

Без струја од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Баница“ во општина Кисела Вода и корисниците од улицата „Лука Геров“ под улици бр. 8,10, 12 и 18 во општина Ѓорче Петров.

Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Тодор Александров“, од делот од Тасино чешмиче до ОУ „Кочо Рацин“, а од 9 до 11 часот корисниците од село Горно Нерези, објектот на Домот – Даре Бомбол и жичарницата – Средно Водно – Милениумски Крст.

Во временскиот период од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Партение Зографски“ бр. 44, 46 и 48, корисниците од булеварот „Тодор Александров“ бр. 5, 7 и 9 во општина Центар, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Пелагонија“, „Злетовска“, „Брсјачка буна“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.