Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без струја утре од 10 до 14 часот ќе бидат корисници од дел од улица „Боца Иванова“ во општина Бутел.

Oд 8:45 до 10:45 часот корисници од булевар  „Видое Смилевски Бато“ бр. 41 и околните објекти, како и од булеварот АСНОМ бр. 38 и 42 со околните објекти во општина Аеродром.

Прекин во електричната енергија утре од 12:45 до 14:45 часот ќе има и за корисниците од ул. „Тодор Чангов“ кај подулиците 41, 47, 49, 51, 53, 55 и други во непосредна близина во општина Аеродром, од 14:30 до 18:00 часот корисниците од ул. „Христо Татарчев“ кај новиот кружен тек и подулиците 1, 3, 5, 7, 9 и 11 во општина Кисела Вода, а од  девет до 13 часот корисниците од дел од село Кондово во општина Сарај, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.