Делови од Сарај, Ѓорче Петров, Бутел и Чучер Сандево утре без струја

Дел од корисниците лоцирани на улиците „2“ и „10“ во селото Сарај утре ќе бидат без струја од 9 до 12 часот.

Од 8.50 до 14.50 часот без струја ќе бидат објектите на МВМ Компани, ДАРС и Гранит на патот за граничниот премин Блаце, сепарациите во близина на селото Орман, објектите кај клучката за селото Орман на патот за Гранит, делот Вртачица и асфалтните бази во близина на селото Орман.

Во периодот од 8.50 до 9.05 и 14.35 до 14.50 часот без стрјуја ќе бидат дел од корисниците од Новоселски Пат и Ново Село, корисниците од селата Орман, Долно и Горно Блаце, граничен премин Блаце, дел од објектите на Качанички пат, дел од корисниците од улицата „Шарпланинска“, дел од корисниците од селата Волково и Визбегово како и корисниците од селото Никиштане.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.