Македонија

Делови од Сарај и Петровец во понеделник без струја

Делови од Сарај и Петровец во понеделник без струја

Без електрична енергија во понеделник (19 февруари) од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од подулица 20 во селото Сарај во општина Сарај.

Од 08:30 до 10 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од индустриската зона Ќојлија и фирмите Глобекс, Екопел и Кобра-Т во општина Петровец.

„ЕВН Македонија“ АД информира дека прекинот на напојувањето со електрична енергија е поради закажани технички зафати.