Делови од Сарај, Шуто Оризари, Карпош и Ѓорче Петров без струја

Дел од корисниците лоцирани на улиците Волт Дизни и Диме Мечето во Шуто Оризари, Агино Село и корисниците покрај езерото Треска денеска од 9 до 10 часот ќе бидат без струја.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат жителите од Долно Свиларе и дел од потрошувачите од селото Волково, лоцирани на улицата 100, како и корисниците од улиците 1, 2, 3 и 4 во Грчец.

Од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците 4 Јули број 43, Козле и Стогово од број 21.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.