Делови од Скопје без струја

Од 11 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од главната улица кон селото Љуботен, општина Бутел, а од 9 до 15 часот корисниците од место Голиево, дел од селото Бразда во општина Чучер–Сандево и село Горно Оризари во општина Бутел.

Во временскиот период од 8:15 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Крсте Мисирков“ т.е. стариот објект на Центро (Туркиш Донер, Мега Фешн, Хедеф Фешн и останатите корисници во истиот објект) и Сенатор во општина Чаир.

Од 9:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од кејот „Димитар Влахов“ бр. 4, објект на Стара Комерц, општина Центар, а од 10:30 до 12:30 часот корисниците од улиците „Љубица Георгиева“ и „Будимпештанска“.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.