Македонија

Делови од Скопје денес и во понеделник ќе останат без струја

Делови од Скопје денес и во понеделник ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните дека денес и во понеделник без електрична енергија ќе останат неколку делови во Скопје.

Во време од 05.00 до 07.00 часот, струја немаа корисниците од поголем дел од општина Кисела Вода и дел од општина Центар.

Во понеделник без електрична енергија ќе останат:

-во време од 09.30 до 13.30 часот, корисниците од улица Герника во населено место Драчево (опш. Кисела Вода)

-во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците: Алекса Дундиќ, Мара Мажуречка, Алпи, Ферид Бајрам, Христијан Тодоровски Карпош, Александар Турунџиев, Роко и Кучевишка Бара. ( општина Бутел).

-во периодот од 09.30 до 13.30 часот, корисниците од улица Тиранска- дел од корисниците околу број 2 и 2а. ( општина Ѓорче Петров )

-во време од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улица Перица Савелиќ (опш. Центар)

-во време од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од улица Сречко Пужелка, ул. Јужно Моравски Бригади и околните улички (опш. Гази Баба)