Делови од Скопје утре без струја

Поради технички зафати во електро-системот утре без струја ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата Алекса Демниевски – подулиците 25, 27 и 29, како и подулиците кои гравитираат кон насипот на реката Вардар, но и дел од улицата Мис Стон во општина Ѓорче Петров.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во времето од 9:00 до 12:00 часот ќе имаат корисниците од улицата Алекса Демниевски и подулиците на истата улица, како и дел од улицата Ѓуро Салај во општина Ѓорче Петров.

Без струја во периодот од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат улиците Дебарца, Радњанска, Отон Жупанчиќ, Људевит Гај и Антоние Грубишиќ во општина Центар, а од 9:00 до 10:00 часот дел од улицата Московска во општина Карпош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.