Делови од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините Ѓорче Петров, Петровец, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Сарај, како што информираат од РЦУК на Град Скопје прекинот е поради инвестиции во електросистемот.

Од 8 до 9 часот утре без струја ќе останат дел од корисниците од селото Волково, а од 8:40 до 14 часот корисниците од селата Катланово, Блаце, Бадар и од населбата Тотинци во општина Петровец.

Во периодот од 8:45 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Страчинци, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Гвадалахара“ и „Индира Ганди“ – пат за село Оризари.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр.187, 189 и 191, како и корисниците од улицата „Скупи“ – подулици бр.3а и бр.5а. Без струја од 9:30 до 10:30 часот ќе бидат корисниците од Волково и дел од корисниците од улиците „Пекљане“, „Шарпланинска“, „Антон Кецкаров“ и „Торонто“ во општина Ѓорче Петров.

Без струја утре во периодот од 9:30 до 14 часот ќе бидат корисниците од селата Горна и Долна Матка, улицита кај бензинската пумпа Бис Оил, објектот на бензинската пумпа Бис Оил, село Шишево, подулица „20“ во село Сарај, објектот на фирмата „Адриус“ и корисниците од село Глумово во општина Сарај, а од 11 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Никола Пушкаров“, „Хераклеа“, „Браќа Чакреви“, „Арсение Јовков“, „Ѓорче Петров“ од бр.90 до бр.124, „Дубровничка“ и „Депа Каваева“ во општина Ѓорче Петров.

Од 12:30 до 13:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Знеполе“ и „Ѓорче Петров“ од бр.45 до бр.80. во општина Ѓорче Петров, а од 14 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците „3“ и „51“ во населба Стопански Двор во општина Ѓорче Петров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.