Делови од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија информира дека во текот на утрешниот ден делови од градот ќе останат без напојување со електрилна енергија.

Во периодот од 8:00 до 10:00 часот, без струја ќе биде објектот на Сеизмологија на Долно Водно и корисниците од објектите во околината, од 8:30 до 12:00 часот, корисниците од ул. Васил Ѓоргов бр.9, 19. 19а и 23 и корисниците од околните објекти во нивна близина, од 9:30 до 13:00 часот корисниците од ул. Козара бр.47, 47а и 49, како и од ул. Киро Гавриловски бр.3, 5, 7 и 27, во Општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците Брсјачка Буна, Нов Живот и Злетовска, во Општина Шуто Оризари.

Од 9:00 до 15:00 часот, струја нема да имаат корисниците од село Усје, Општина Кисела Вода, објектот на ресторан „Фиш“ и центарот за гуми „Олимпико“, дел од корисниците од улиците „Момин Поток“ и „Скупи“ – подулици 3, 3а и 5, како и дел од корисниците лоцирани на Јадранска Магистрала, Општина Карпош и корисниците од ул.13 во населба Илинден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.