Делови од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија АД, информираат дека на ден 10.03.2016 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат неколку населени места во Скопје.

Во периодот од 06.00 до 08.30 часот, дел од корисниците од село Мирковци, како и корисниците од селата: Чучер Сандево, Глуво, Горно Оризари и Бразда.  (општина Чучер Сандево ). Во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев. ( општина Аеродром )

Во периодот од 09.00 до 10.00 часот, дел од  корисниците од  бул. Мајка Тереза на потегот меѓу улиците Боро Петрушевски и Владимир Назор, дел од корисниците од ул. Владимир Назор како и дуќаните на влезот во Клинички Центар. (општина Центар ).

Во периодот од 09.00 до 10.30 часот, корисниците од ул. Душан Тасовиќ бр.38, 44, 45, 47 и 49, ( општина Гази Баба ) како и дел од корисниците од ул. Христијан Тодоровски Карпош. ( општина Бутел ), во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците од ул. Христијан Тодоровски Карпош од бр.2 до бр.30. ( општина Бутел ) и во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од село Кучевиште. ( општина Чучер Сандево ).

Од 09.30 до 11.30 часот дел од корисниците од село Долно Соње – место викано Брзовец. ( општина Сопиште )и во периодот од 12.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Божин Николов ( општина Аеродром ) како и корисниците од село Добри Дол. ( општина Сопиште ).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.