Делови од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре од 9:30 до 13:00  часот ќе бидат корисниците на улица „Багдадска“ во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје без струја утре во период од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Љубош, во општина Студеничани.

Во период од 9:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Дринска“, „Виничка“, „Вашингтонска“ и „Нов Живот“ во општина Шуто Оризари како и корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.