сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 27

Делови од Скопје утре без струја

Од 8:30 до 12:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Стив Наумов“, објектите на Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) и факултетот за драмски уметности (ФДУ) во општина Центар.

09072014194237_струја.1

Поврзани вести

Во периодот од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Стогово“, „Миле Поп Јорданов“ и „Козле“ од број 8 до 12 во општина Карпош.

Од 10:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Југославија“ околу број 127 во општина Карпош, а од 7:30 до 9 часот корисниците од село Долно Лисиче, општина Аеродром.

Без снабдување со струја утре од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците „Владимир Каваев“, „Сливовска“, „Пресека“, „Кленоец“ и „Клепа“ во општина Ѓорче Петров, а од 8:30 до 15 часот корисниците од улицата „Баница“ во општина Аеродром.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електромрежата.

Најчитани вести