Делови од Скопје утре ќе се без струја

Во периодот од 8.30 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гемиџиска“ во општина Гази Баба, а од 9 до 11 часот корисниците од улицата „Македонска војска“ бр. 38 во општина Ѓорче Петров.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Киро Крстевски“ бр.34 а и 34 б во општина Кисела Вода, а од 9 до 13 часот дел од корисниците од селото Матка и резерватот „Јасен“.

Корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, а од 10 до 12 часот дел од корисниците од Средно Водно, врвот на Водно – Милениумски крст, жичарницата, Македонското село, дел од корисниците од село Крушопек, сите улици во Горно Нерези и општина Карпош.

Во периодот од 17 до 19 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Студеничанска“ во општина Кисела Вода.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.