Делови од Студеничани, Сопиште, Кисела Вода, Аеродром и Карпош без струја

Од 8:30 до 14:30 часот утре без електрична енергија ќе биде скопското село Батинци со објектите: „Златна рака“, фирмата „Весна“, „Далса Ком“, „Беровиќ Бетон“, „Зин“, „Наско и Тони Промет“ и селото Љубош, општина Студеничани.

Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе биде селото Осинчани и објектите на „Грин Еко Фарм“, каменолом Беровиќ и нова ТС Гама Градба во општина Сопиште.

Без струја од 12 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Долно Лисиче – делот кон село Јурумлери кај Расадникот во село Долно Лисиче, општина Аеродром.

Корисниците лоцирани на улиците „Антон Попов“ и „Виктор Иго“ во општина Кисела Вода ќе бидат без снабдување со струја од 8:30 до 11:30 часот, а од 9 до 15 часот дел од Момин Поток, кај Мотоцентар во општина Карпош.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.