Делумен договор за гасот меѓу ЕУ,Русија и Украина

Трилатералните преговори ЕУ, Русијa и Украина за проблемот со натрупаните украински сметки за  се завршени со парцијален договор според кој Украина до крајот на месецот  на „Гаспром“ ќе му плати две милијарди долари, а до 7-ми јуни уште половина милијарда долари, соопшти вчера во Берлин европскiот министер за енергетика Гинтер Етингер, после разговорот со рускиот министер за енергија Александар Новак и неговиот украински колега Јуриј Продан, пренесоа медиумите.

Етингер додал дека од Берлин е упатен повик украинскиот „Нафтогас“ да плати иницијални две милијарди долари на руски „Гаспром“ во четврток, оваа недела.

Двете страни до среда навечер треба да извршат консултации со политичките лидери и гасните компании, додал Етингер и забележал дека конечниот договор не е постигнат, но е оптимист.

Трите страни се договориле, прецизирал Етингер, дека Украина до крајот на месецот ќе му исплати на рускиот гасен гигант „две милијарди долари до крајот на овој месец, плус уште половина милијарда долари до 7 јуни, а разговорите за гасниот долг ќе бидат продолжени во петок, на 30-ти мај.

Украина му должи на „Гаспром“ вкупно 3,5 милијарди долари, а рускиот претседател Владимир Путин порано овој месец се закани дека ќе ја прекине споракта на гас не само за Украина, туку и за низа на Европски земји кои се снабдуваат преку неа, доколку не се подмири долгот.

Рускиот министер Новак, како што пренесе Итар-Тас, изразил надеж дека украинската страна со своето раководство ќе го разгледа постигнатиот договор на денешната трилатерална средба во Берлин.