Делумна забрана за носењето бурка во Холандија

Холандската влада денеска одобри делумна забрана за носењето бурка, исламски превез со кој се прекрива лицето, на јавни места како училишта, болници и јавниот сообраќај, објави МИА.

– Ткаенина што го прекрива лицето во иднина нема да биде прифатлива во образовни и здравствени установи, владини згради и јавниот сообраќај, соопшти владата откако кабинетот го поддржа законот на министерот за внатрешни работи Роналд Пластерк.

За лицата што го кршат законот се предвидува казна од 405 евра.

Забраната не се однесува на носењето бурка на улица, туку само во специфични ситуации каде е суштинси важно лицата на луѓето да се видливи или од безбедносни причини, истакна премиерот Марк Руте пред новинарите по состанокот на владата.

– Законот нема никаква верска позадина, истакна Руте.

Владата истакна дека се обидела да најде рамнотежа меѓу слободата на луѓето да носат облека каква што сакаат и важноста за меѓусебна и препознатлива комуникација.

Претходниот закон за забрана за носење бурка, дури и на улица, кој е од времето на претходната влада на премиерот Руте, ќе биде повлечен.

Холандската државна телевизија „НОС“ наведува дека меѓу 100 и 500 жени во Холандија носат бурка, од кои најголемиот дел повремено

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.