Делумно отварање на аеродромот Завентем во Брисел

Бриселскиот аеродорм Завентем, што беше оштетен во минатонделените терористички напади, објави дека е подготвен за делумно отварање и дека првите летови ќе се реализираат во вечерните часови.

Терминалот за поаѓања беше тешко оштетен на 22-ри март кога двајца терористи активираа бомби, потсетува Би Би Си, а пренесува Танјуг.

Како што е најавено во летовите за поаѓања ќе бидат реализирани околу 20 отсто од вообичаениот капацитет на аеродромот.

Привремената инфраструктура за чекирање на патниците е поставена надвор од салата за поаѓања, а ќе може да се обработуваат по 800 патници на час, што е околу 20 отсто од вообичаениот капацитет на аеродромот.

Патниците што ќе пристигнуваат и понатаму ќе го земаат багажот и ќе поминуваат низ дел од терминалот за доаѓања, со оглед дека истиот е помалку оштетен, а веќе е оспособен за работа.