Демант на „Македонски шуми“ на обвинувањата на Општина Центар

Почитувани, ве известуваме дека по повод акцијата „Ден на дрвото“ согласно одлука на Влада на РМ, беа одржани три координтивни средби со градоначалниците од општините во град Скопје и градоначалникот на град Скопје, на кој беше поканет, но не присуствуваше градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

На средбите беа договорени локациите и бројот на садници кои треба да бидат распределени по општините. По одржување на координативните состаноци во ЈП„Македонски Шуми“ се јави лице вработено во Општина Центар кое побара 120 садници да бидат распределени на  Општина Центар и истото беше испочитувано од наша страна.

Оттука сметаме дека изјавата на Андреј Жерновски за некои медиуми е злонамерна, тенденциозна, не соодветствува со вистината и дадена е со цел за нарушување на угледот на ЈП„Македонски шуми“, стои во соопштението.