Македонија

ДЕМАНТ: Не се точни информациите дека се самоубил сопственикот на Нетпрес

ДЕМАНТ: Не се точни информациите дека се самоубил сопственикот на Нетпрес

Во врска со информацијата која попладнево беше објавена на одредени интернет портали дека сопственикот на Нетпрес се самоубил, информираме дека станува збор за неточна информација.

Лицето за кое се објавува информацијата воопшто не е сопственик на Нетпрес.

Сопственик на Нетпрес не е физичко, туку правно лице.

Нетпрес изразува искрено жалење за немилиот настан и упатува сочуство до семејството за нивната загуба.

Нетпрес апелира сите медиуми и интернет портали кои објавиле информација дека се самоубил сопственикот на Нетпрес, да ја повлечат информацијата.