Демант од Комисијата за односи со верските заедници за случувањата во ИВЗ

Државните институции не се вмешани во преземањето на Исламската верска заедница, истакнува Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во демантот на информациите објавени во некои медиуми.

– Она што државата била секогаш подготвена во делот на комуникација со верските заедници било најчесто за излегување во пресрет и помагање во делот на решавање на прашањата за денационализација, верските објекти, проблемите поврзани со пензиското и инвалидското осигурување и секогаш создавала услови за непречено извршување на активностите на верските заедница, па оттаму, и на Исламската верска заедница, наведува Комисијата во демантот.

Како сме се однесувале кон ИВЗ, потенцираат, така сме се однесувале и кон МПЦ-ОА.

– Државните институции отсегогаш работеле за добробит на веските заедници и на меѓуверската толеранција и соживот во Република Македонија, наведува Комисијата.

Апелира инволвираните страни, како што посочува, со мирна глава, без употреба на сила, согласно ингеренцииите што им ги дава Статутот, Правилникот, Уставот на ИВЗ и другите законски регулативи во Република Македонија, меѓусебно да ги разрешат внатрешните проблеми и случувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.