Демант од ОО на СДСМ Кавадарци

Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци ја демантира веста на Курир со наслов „Портаролот на СДСМ Кавадарци јавно им се заканува на новинари.

-Личноста наведена во веста, НЕ Е ниту портпарол на ОО СДСМ Кавадарци, ниту член на Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија. Тврдењата искажани на порталпт, ги сметаме како дел од владината црна пропаганда за оцрнување на опозицијата и СДСМ, и тие немаат никаква допирна точка со реалноста. Замолуваме, исто така, во иднина, личните проблеми лицата наведени во веста, да си ги решаваат помеѓу нив, а не преку ОО СДСМ Кавадарци, која нема никаква поврзаност со нив, се вели во демантот од ОО СДСМ Кавадарци.