Демант од Реал Мадрид – написите за трансфер на Верати се невистина

Шпанскиот гигант Реал Мадрид излезе со официјален демант на пишувањата на шпанските медиуми дека Марко Верати е пред трансфер во “кралскиот клуб”.

Раководството на клубот од “Сантијаго Бернабеу” истакна дека досега нема никакви контакти ниту со фудбалерот Марко Верати, ниту пак со францускиот првак Пари Сен Жермен.

“Реал Мадрид досега немал контакти ниту со играчот, ниту со клубот ПСЖ по повод трансферот на Марко Верати. Сите шпекулации кои се појавија во изминатиот период не се вистинити”, стои во официјалното соопштение на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми истакнаа дека Реал Мадрид понудил 50 милиони евра за трансферот на Марко Верати, а италијанскиот фудбалер веќе ја договорил и годишната плата, која треба да изнесува 7 милиони евра по сезона.