Заев пак лаже: На средбата со Шалом не се разговарало за политички теми

Уште еден шамар за Заев од Израел. Шалом за изјавата за Заев, на средбата не се разговарало за неговите „бомби“ и за политички теми.

Министерот за внатрешни работи на државата, Силван Шалом во изјава за медиумите директно го демантираше Зоран Заев и неговата лага дека на состанокот се разговарало за неговите „бомби“ и за политички теми.

Претходно во обид да направат политички спин и маркетинг од патувањето на Заев, тенденција што беше присутна за време на целата посета, единствено присутните опозициски медиуми, 24 Вести и Телма ја пренесоа изјавата на Заев дека се разговарало за донацијата од Израел во пари за Македонија, за што стана збор и во бомбите на Заев.

Заев самиот интепретира што говорел Шалом и самиот, во негово име заклучува дека тој дал изјава дека Израел не дал финансиски донации, со што наводно се потврдило постоењето на провизија.

Но демантот пристигна со изјавата на министерот Шалом која беше пренесена на Телма телевизија, а 24Вести го избегнаа да го пренесат тој дел.

Шалом јасно истакнува дека тема на разговорите со Заев воопшто не биле внатрешните прашања на земјата, што ги опфаќа и бомбите на Заев,  посочувајќи јасно и недвосмилено „нема да се мешам во внатрешните прашања на вашата земја“.

Posted by Заедно за Македонија on Tuesday, October 13, 2015

На состанокот воопшто не се зборело за политички теми, а Шалом во изјавата говори дека се разговарало за трговските односи меѓу двете земји, како и ja споменува и позитивно се изјаснува за неодамнешата средба која ја имал со македонскиот премиер Никола Груевски во рамките на заседавањето на ОН во Њујорк.

Министерот за внатрешни работи на Израел е член на советот на безбедност на државата Израел и на членовите на овој највисоко безбедносно тело им е забрането да зборуваат за безбедносни прашања особено за аспекти кои што задираат во односите со други земји што и јасно може да се заклучи од тврдиот и јасен став на Шалом дека не се меша во внатрешни прашања и политика на Македонија.

Ниту еден политичар не би ризикувал да ги прекрши овие нормативи во Израел кој високо се почитуваат и чие прекршување отвора и правни, но и морални последици.

Дополнително на самиот состанок Заев бил, и од министерот Шалом, со висок тон прекорен и критикуван поради неумесното политизирање, издавање на доверливи информации што се од значење за израелските безбедносни служби.

Со ова посетата на Зоран Заев во Израел се претвора во трагикомедија, чијашто цел има исклучиво домашна употребна вредност на прозирен политички маркетинг.

Исто така значаен политички и дипломатски скандал претставува лажењето и пласирањето на различни информации од една иста средба, што исто така преставува навреда и неискрен однос кон државата домаќин.