Дембеле е избрана во “дрим-тимот” за 2014/2015

Француската интернационалка Сираба Дембеле е единствената ракометарка на ЖРК Вардар избрана во идеалниот тим на Лигата на шампионите за сезоната 2014/2015. Во конкуренција за место во “дрим-тимот” беа уште неколку неколку ракометарки на македонскиот првак, но само Дембеле беше избрана за најдобра на својата позиција, здобивајќи се со епитетот најдобро лево крило во ЛШ.

За најдобра голманка е избрана Тофт од Ларвик, а од норвешкиот првак во овој дрим-тим се најдоа и десниот бек Морк и десното крило Корен. Без оглед на поразот од Вардар, неочекувано за тренер на годината избран беше Мартин од Ѓер, кој крај себе ги има и пивотот Хајди Локе и средниот бек Ковачич, додека Корсос ја доби наградата за најдобра одбранбена ракометарка.

Кристина Неагу од Будуќност е најдобар лев бек оваа сезона во ЛШ, а списокот на лауреати го комплетира Бусецки од Баја Маре, која е избрана за најдобра млада ракометарка во елитното европско натпреварување.