Спорт

Дембеле верна на ЖРК Вардар СЦБТ

Дембеле верна на ЖРК Вардар СЦБТ

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар СЦБТ го продолжи договорот со левото крило Сираба Дембеле на две години, односно до сезоната 2015/16. Со овој потег, менаџментот на македонскиот првак ги потврди своите високи амбиции за во иднина. Левото крило во составот на Индира Кастрaтовиќ изрази големо задоволство поради продолжувањето на договорот и најави нови успеси со екипата на ЖРК Вардар.

“Вардар СЦБТ е клуб со големи амбиции и ми преставува особена чест што и претстојните две сезони ќе го носам дресот на македонскиот шампион. Иако станува збор за нова екипа, мислам дека играме одлично и ги надминавме сите очекувања оваа сезона. Ова е екипа чија што крајна цел е освојување на титулата во Лигата на шампионите, и нормално е секој да сака да настапува во таков тим. Вардар СЦБТ ја има најдобрата ракометна публика во Европа и се надевам дека заедно ќе прославуваме уште многу успеси” , изјави Дембеле.