четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 55

Деми Ловато: Не можев ниту еден час без кокаин

деми

Последни вести

Младата пејачка Деми Ловато по успешната кариера, пред неколку години го допре дното: имаше проблеми со нарушена исхраната, со самодовербата и најлошо од се, со зависностите.

Во едно неодамнешно интервју таа се потсети на најтешките денови кога во 2010 година заврши на одвикнување од алкохол и дрога.

Поради тоа и денес тоа се плаши да излегува и да оди на забави за да не подлегне повторно на искушението.

– На потежок начин морав да научам дека излетувањата не се за мене. Некои луѓе можат да се забавуваат и да не подлегнат на пороци, но не и јас, призна таа во интервкуто за „Рафинери 29“.

Уште како тинејџерка Деми почнала да користи дрога, а работите набрзо излегле од контрола. Таа прознава дека без кокаин не можела да издржи ниту еден час и дека одбивала секаква помош од семејството, пријателите или соработниците.

– Пред лекувањето бев една од оние луѓе на кои едноставно не им беше грижа за ништо. Беа ноќни кошмари да се работи со мене, вели 23-годишната Деми.

Сепак, таа замина на одвикнување, кога почнаа и други проблеми. Последици од зависноста беа нарушување во исхраната и биполарното пореметување кое на крајот успеа да ги совлада.

Денес строго се воздржува на каков било алкохол и научила да го прифати нејзиното его, кое порано го сметала за одвртно и предебело.

– Можеби мојот моментен начин на живот звучи здодевно, но дојдов до моменти во животот кога ми е подобро да бидам дома, отколку во некој клуб каде на никого не му е грижа за мене, рече пејачката.

Денес таа вечерите ги минува дома со момчето Вилмер Валдерам, познат по улогата на Фез од серијата „Луди 70-ти“, кој и е голема поддршка.

Најчитани вести