Деми Мур и Орландо Блум, новата двојка во Холивуд!?

Светските таблоиди шпекулираат дека ѕвездата од филмовите „Господар на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ е во љубовна врска со 52-годишната актерка Деми Мур.

Според британскиот таблоид Мирор, тие двајцата се запознале преку заедничката пријателка Џенифер Анистон, а ги споил заедничкиот интерес за јога.

-Тие двајцата се карактери кои се посветени на спиритуалното и сакаат јога, медитација и филозофија на новото време. И двајцата се интересираат за спиритуалните вежби Усуи Реики и почнаа да вежбаат заедно, велат неименувани извори за Мирор.

Таблоидите пишуваат дека 38-годишниот актер кој се разведе од неговата поранешна сопруга Миранда Кер во 2013-тата година, сега повремено се гледа со Деми Мур, која истата година се разведе од поранешниот сопруг Ештон Качер.

Според таблоидите, Деми и Орландо биле видени како заедно одат на вечера, која веднаш беше окрактеризирана како романтична.

Дали во овие пишувања има барем малку вистина, или станува збор за уште една голема шпекулација која има за цел само да ја зголеми читаноста на таблоидите во светот, останува да видиме.

фото: dnevnik.hr