Демилитаризирана зона во Доњецк

За да се запре конфликтот на исток во Украина важно е да се создаде демилитаризирана зона и да се вклучи мировен контигент, смета претставникот на самопрогласената Доњецка народна република Денис Пушилин во разговор со Контакт групата.

– Повеќе пати рековме дека таква зона е неопходна како и контингент мировни набљудувачи. Тоа би било практично единствената можност да се запре крвопролевањето во Донбас и да се спречат понатамошни борбени операции, нагласи Пушилин.

Иницијативата за создавање демилитаризина зона како чекор кон решавање на конфликтот во источна Украина претходно го изнесе францускиот претседател Франсоа Оланд.

Тој побара и широка автономија за источните области во Украина.