Македонија

Демир Хисар ќе добие ново игралиште

Демир Хисар ќе добие ново игралиште

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на општина Демир Хисар Љупчо Блажевски утре ќе го предадат во употреба повеќенаменското спортско игралиште во рамките на основното училиште „Гоце Делчев”.

Потоа, директорот на АМС Спасески и градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски ќе присуствуваат на започнувањето на градежните работи за изградба на повеќенаменското спортско игралиште во близина на ОУ „Манчу Матак”.