(ФОТО) Загина Србинка кај Демир Капија, повредени две деца

Загина Србинка кај Демир Капија, повредени две деца

На автопатот Скопје-Гевгелија, кај клучка Демир Капија, утрово околу 6 часот „цитроен берлинго“ со српски регистарски таблички, управувано од М.К.(40), изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, при што на лице место од здобиените тешки повреди починала 63-годишната Миланка Б.(63).

Во незгодата со повреди се здобиле и сопругата на возачот, како и две деца на возраст од три години и од 9 месеци. Тие оделе на одмор кон Грција.

По укажаната лекарска помош во Велес тие се префрлени на лекување во Клинички центар Скопје.

 

teska-soob1

 

teska-soob2

 

teska-soob3

 

 

Фото: Канал 5