Демирел го напушти натпреварот против Казахстан, предизвика инцидент

Огромни проблеми се создадоа пред мечот помеѓу Турција и Казахстан, а во главна улога беа голманот на турската репрезентација Волкан Демирел на една и навивачите на Галатасарај и Бешикташ на другата страна.

Додека се загреваше Демирел, постојано беше навредуван од страна на навивачите кои се фанови на најголемите опоненти на Фенербахче, клубот за кој Демирел настапува.

По одреден период во кој голманот постојано беше навредуван, тој одлучи да си замине од теренот, а во моментите кога си одеше и од стадионот, настана вистински хаос, па само присебното обезбедување спречи и поголем инцидент.

Инаку, мечот против Казахстан го доби Турција со 3:1.