Демировски нападнат со шипки од сопартијци

Поранешниот претседател на Советот на општина Шуто Оризари во Скопје од СДСМ, Геге Демировски, ги обвини неговите внатрепартиски ривали дека завчера вечерта, сакајќи да го убијат го нападнале со железни шипки, пишува порталот на албански јазик „Факте“.

Според „Факте“, Демировски рекол дека неговите соработници се длабоко вклучени во криминал и мафијашка работа, па затоа тој им пречи. Случајот во полиција го пријавил Демировски и како што тој вели, ако институциите не превземат мерки тој самиот ќе превземе мерки.

Инаку, Геге Демировски заедно со Курто Дудуш беа двете клучни фигури на СДСМ во Шутка на последните избори, а важат и за нај доверливите луѓе на раководството на оваа партија, Зоран Заев, Оливер Спасовски и Муарем Зекири. По победата на изборите, Дудуш беше избран за градоначалник, а Демировски беше назначен за претседател на Советот на општината. Но по некое време, избувнаа несогласувања меѓу нив и советот го разреши Демировски, а неговото место беше именувана жената на градоначалникот Дудуш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.