Македонија

Демократот Заев не оди во Брисел – му се налутил и на Хан

Демократот Заев не оди во Брисел – му се налутил и на Хан

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека опозицијата нема да оди на веќе закажаниот состанок всо еврокомесарот Јоханес Хан Брисел. Причината, како што кажа, била пристрасноста на Хан кон премиерот Никола Груевски, во неговота изјава во Вашингтон, во која дава свое мислење за состојбата во земјава и дека изборите минатата година, генерално, биле фер и демократски.

Хан на Заев му ја соопшти вистината за изборите, а лидерот на опозицијата, упорно избегнува  да се соочи со реалноста и стравот од нови избори само го „оправдува“ овој негов чекор, а веројатно и низа други очекувани дејствија што ќе следат во наредниот период, кој само ќе го потврдат безживотниот капацитетот на оваа партија за легитимно освојување на власта.

-Изјавата во Вашингтон на Хан содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДХИР за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ, ниту ОДИХР, ниту ЕУ досега не констатирале дека извешатајот за изборите во Македонија е позитивен. Дополнително, доказите од проектот „Вистината за Македонија“ ја разоткирија меѓу другото, криминалната позадина на повеќе изборни циклуси организирани и спроведени од Груевски и неговата власт. Сакам да нагласам дека ние за целиот овој период се однесуваме максимално демократски и седнавме на заедничка маса и покрај нерамноправната позиција во која сме поставени – рече Заев на прес конференцијата на која ја најави новата одлуката на СДСМ.

Поради „емотивноста“ на Заев и неговата политичка дезориентираност, не се исклучува можноста во наредниот период Македонија да се „соочи“ со некоја негативна изјава од претставник на меѓународната заедница, само да му се удоволи, за да се одоброволи и да се појави на разговорите во Брисел.