Демократската партија на Турците ги повика граѓаните масовно да излезат на утрешниот собир

Демократска Партија на Турците на Македонија преку соопштение ги повика граѓаните на Македонија  да присуствуваат на народниот собир на 18 мај.

tdp

Интегрален текст.

Почитувани граѓани на Р. Македонија,

Р. Македонија e соочена со големи предизвици кои се производ на сценаријата чија цел е дестабилизација од поголеми размери и предизвикување на меѓуетнички конфликт.

Со цел да кажеме стоп на ваквите сценарија и го подржиме проектот за стабилна,безбедна и просперитетна Македонија ве повикуваме да присуствувате на големиот народен собир кој ќе се одржи на 18.05.2015 (понеделник) во Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ,,Подобра Македонија”

Почитувани граѓани на Р. Македонија,

Р. Македонија e соочена со големи предизвици кои се производ на сценаријата чија цел е дестабилизација од поголеми размери и предизвикување на меѓуетнички конфликт.

Со цел да кажеме стоп на ваквите сценарија и го подржиме проектот за стабилна,безбедна и просперитетна Македонија ве повикуваме да присуствувате на големиот народен собир кој ќе се одржи на 18.05.2015 ( понеделник) во Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ,,Подобра Македонија”