Демократски сили на Ромите со поддршка за големиот граѓански собир за силна Македонија

Политичката партија Демократски  сили на Ромите преку писмено соопштение ги повика граѓаните да дадат поддршка на граѓанскиот собир за силна Македонија.

„Политичката партија Демократски  сили на Ромите апелира  до сите граѓани на Македонија а посебно до ромската заедница да излезат на ден: 18.05.2015 година (понеделник)  во 20.00 часот пред Владата на Република Македонија заеднички  да ја дадеме нашата целосна граѓанска подршка за Владата на Република Македонија и премиерот Никола Груевски. Да ја дадеме  нашата целосна подршка за целовитоста, суверенитетот, економскиот просперитет и за патот кон целосна афирмација и интеграција на Европска  Македонија“, се вели во соопштението.