Демократски сојуз: „Денот Д”

Граѓаните, експертската јавност, големиот број на граѓански асоцијации, медиумите и опозициските партии, очекуваат денес да се случи пресврт и од утре со забрзано темпо да се спроведат реформи за создавање минимум предуслови за избори, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.
Но и натаму има многу прашалници, дали Викторија Нуланд, ќе бара да се ослободат институциите од партиските стеги, дали ќе ги „охрабри” генераторите на  кризата да се повлечат од политичката сцена, дали ќе ја поддржи идејата за формирање посебно судско одделение кое ќе постапува по предлозите на СЈО и дали ќе инсистира на брзи избори.
Демократскиот сојуз ги повикува сите партии да ги надминат личните и партиските интереси и да прифатат Македонија да биде една изборна единица, како битен предуслов за демократизација на државата и јакнење на одговорноста на функционерите, посебно на премиерот.
ДС предлага и кривична одговорност на партиите кои од позиција на власт го штитат криминалот на партиското водство, кое учествува во грабежот на граѓаните и ги загрозува перспективите на државата, се вели во соопштението на ДС.