Демолиран Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“

гоб

Причина за ваквите настани била смртта на член од семејството кој починал во болницата. Од МВР за Република потврдуваат дека е пријавен ваков случај, односно дека околу деветнаесет часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реаинимираат, но по неуспешните обиди лицето починало.

Групата од триесетина луѓе, која дошла заедно со семејството, по констатираната смрт на лицето, почнала да крши низ болницата и го зела со себе телото на починатиот.

Извори од болницата велат дека медицинскиот персонал бил преплашен а интервенирало и обезбедувањето на 8-ми Септември. Неофицијално, некој од лицата се заканувал и со оружје. За среќа никој не бил повреден.