Демолирана единствената гимназија на македонски во Тетово (ФОТО)

Гаранциите на Заев кој „пет пари“ не важат, а се однесуваат на Тиранската платформа се покажуваат како сериозна закана по безбедноста во деловите од Македонија во кои малцинската заедница на Албанците е доминантна, пишуц Инфомакс

Пример за тоа е вандалскиот чин во единствената тетовска гимназија во која наставата се одржува само на македонски јазик, каде што во текот на ноќта упаднале вандали и ја демолирале.

При уападот во гимназијата вандалите користеле спрејови со боја, со кои ги прешкртале имињата на професорите, но и сите текстови на македонси јазик.

Дополнително загрижува и фактот што, за министер за образование се лицитира со името на радикалот од БЕСА, Биљал Касами кој од самиот старт на преговорите за состав на влада тврди дека ниту тој, ниту неговата партија се има откажано, или има намера да се откаже од Тиранската платформа.

Со истиот став е и Зијадин Села, со што гаранциите за неспроведување на платформата од Тирана кои Заев ги даде на претседателот Иванов со цел да го добие мандатот, веќе се прекршени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.