Демолирано кафулето каде ЛГБТ заедницата славела годишнина

Група маскирани лица вчеравечер го демолирале кафулето „Дамар“ во старата Скопска Чаршија, каде се одржувала прослава на ЛГБТ центарот. Во инцидентот е повредена една девојка.

Искршен е инвентарот на кафулето, а откако направиле неред, хулиганите си заминале.

Полицијата изврши увид и работи на откривање на сторителите.

Вчера во кафулето „Дамар“ ЛГБТ заедницата во Македонија прославуваше двегодишнина, а настанот го организираше Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права.