Балкан

Демонстрации во Атина

Демонстрации во Атина

Во присуство на меѓународните кредитори кои се дојдени во Атина да проверат дали се реализираат кастрењата на трошоците на државниот сектор, како услов за финансиска помош на Грција, денеска неколку стотици демонстранти се собрале на атинскиот плоштад да протестираат против намалувањето на бројот на вработените, платите и пензиите, пренесоа медиуимите.

Штракот го свикал Синдикатот на вработените во државниот сектор. Државните болници и други медицински установи не работат, а најавено е дека демонстрантите ќе се соберат и пред судот во кој е поднесено барањето на Владата на Грција штрајкот да се прогласи за незаконски.