Демонстрации во знак на поддршка на Путин и на Кадиров во Грозни

Неколку десетици илјади граѓани денеска се собраа на улиците на главниот град на Чеченија, Грозни, со цел да изразат поддршка на претседателот на Русија Владимир Путин и лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров.

Се очекува на демонстрациите да се соберат околу 700.000 луѓе, јави ТАСС.

На улиците на Грозни има претставници на јавните организации и државните тела, како и студенти од Чеченија и околните региони, носејќи транспаренти на кои пишува „Вие сакате судири, а ние голема Русија“, „Јас сум за Кадиров“ и друго.

– Сакаме да го искажеме нашето силно спротиставување на оние кои фрлаат кал на земјата, бараат воведување на санкции кон Русија и се обидуваат да предизвикаат тензии, истакна организаторот на протестите и претседател на чеченскио Совет на унијата на синдикати Хусаин Солтахереиев.

Тој додаде дека демонстрантите се залагаат за стабиле развој на целата земја и на Чеченската Република и оти сакаат да им изразат поддршка на Путин и на Кадиров.