Демонстранти фрлаа со јајца и камења кон зградата на турската Амбасада во Москва

Демонстранти фрлаа со камења и јајца кон зградата на турската Амбасада во Москва, ден откако турски воен авион урна руски бомбардер.

Во протестот учествуваа неколку стотици луѓе главно мажи на возраст меѓу 20 и 30 години, јавија заападни медиуми.

Тие скандираа против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Стакла на неколку прозорци од објектот беа искршени, јави ТАСС.

Полицијата приведе неколкумина од демонстрантите.