Балкан

Демонстранти го туркаа и прскаа со вода српскиот министер за образование

Демонстранти го туркаа и прскаа со вода српскиот министер за образование

Српскиот министер за образование, наука и технолошки развој Срѓан Вербиќ денеска во Белград беше нападнат од група учесници на протестот на наставниците, кои го испрскале со вода, јави електронското издание на белградскиот весник „Блиц“.

Денешниот штрајк на просветарите во Србија го организраат два од четирите синдикати на вработените во образованието.

Како што објави весникот, кога Вербиќ се доближил кон учесниците на протестот, неколкумина гневни штрајкувачи се упатиле кон него и го испрскале со вода и го туркале.

Обезбедувањето на министерот веднаш реагирало и се обдело да го одвлече во неговиот автомобил, но тој го одбил тоа и продолжил да се движи крај колоната штрајкувачи.

Министерот денеска одржа средба со претставници на синдикатите организатори на штрајкот, но бидејќи не беше постигнат никаков договор, синдикалните претставници соопштија дека протестот ќе продолжи.

Синдикатите бараат подобрување на материјалната положба на вработените во образобанието, но Вербиќ ги информирал дека Владата неможе да ги изполни ваквите барања, бидејќи нема пари, а и со договорот со Меѓумародниот монетраен фонд е обврзана да не ги зголемува трошоците.

586577_verbic-nove-foto-oliver-bunic-2_ff